Лино Червар се жали: Немаме многу квалитетни играчи во Загреб

Во терминот од 20:45 часот, утревечер во Хрватска ќе стартува дуелот меѓу Нексе и ППД Загреб во Нашице. Тоа ќе биде уште еден дуел меѓу екипи од иста земја кој се очекува исто така да донесе интересна пресметка, како и денешната во Скопје.

300x250

Сепак, пред овој натпревар тренерот на Загреб, Лино Червар не е најзадоволен особено после поразите на контролните средби од екипи кои се со просечен квалитет во Франција како Ним и Аикс.

Против Ним, Загреб претрпе пораз од седум гола, додека Аикс им нанесе пораз на шампионите на Хрватска од дури девет гола разлика.

„Не беше воопшто добро. Имаше неколку објективни причини зошто бевме лошо. На пример, во Франција воопшто го немавме Јотиќ, но некои играчи уште не се целосно заздравени како Хрстиќ. Направивме и многу грешки на секој од натпреварите, а и судеето беше лошо. Вистинаа е дека во моментов немаме многу квалитетни ракометари и тоа ми создава големи проблеми. Би морале да доведеме уште некое засилување доколку сакаме да бидеме поконкурентни во СЕХА-лигата, но и во Лигата на шампионите, на послабите тимови во нашата група“, вели Червар.

Загреб важи за еден од тимовите од кои се очекува да бидат меѓу четирите екипи кои на крајот од сезоната ќе завршат на Ф4 турнирот во СЕХА.