Лино Червар после добиената доверба: Подготвен сум да ја водам Хрватска и во следните акции

Селекторот на Хрватска, Лино Червар денеска ја доби довербата од страна на членовите на Управниот одбор на Ракометната федерација на Хрватска и останува на позицијата и покрај тоа што не беа реализирани зацртаните планоти на Европското првенство.

После поднесениот извештај, Червар доби мандат и за следните квалификации, а веројатно од резултатите на Мундијалот ќе зависи и тоа дали ќе ги води момците и до Олимписките игри во Токио во 2020 година.

„Подготвен сум да ја водам Хрватска и во иднина. Подготвен сум да бидам на чело на оваа репрезентација и во следните акции и да продолжам со започнатата работа“, изјави Червар после одржаниот состанок на УО на Ракометната федерација на Хрватска.