Лино без емоции: Ниту сум еуфоричен кога победувам, ниту тажен кога губам

После двете победи против Србија и против Исланд репрезентацијата на Хрватска претрпе пораз од Шведска во 3. коло од првата фаза на Европското првенство на кое е домаќин.

300x250

Загубениот меч значеше и разочарување кај фановите, а селекторот Лино Червар упати критики за играта во одбраната.

„Јас не сум еуфоричен кога победувам, а не сум ниту сега кога жалам за загубениот меч. Им честитам на Швеѓаните. Играа феноменално во првото полувреме. Ние имавме лош ден. Не успеавме да направиме ништо во одбраната иако ги пробавме сите врсти, но ништо не помогна. Дури на крајот од натпреварот почнавме малку да се браниме, но ништо не помагаше.Нашата  лоша одбрана предизвика проблеми во нападот“, вели Червар.

Тој не побара виновници и рече дека за загубениот дуел сите се виновни еднакво.

„Нема кон никого да покажам со прст. Овој натпревар го загубивме сите. Доколку одбраната беше подобра можеби голманите ќе бранеа подобро. Што се однесува до Мирко Алиловиќ тој уште е член на оваа репрезентација, а јас сметам на сите играчи кои ги имам тука. Имам вкупно 21“, изјави Лино Червар.