Лига на шампиони, 7. коло: Монпелје и понатаму со максимум бодови

После комплетирањето на 7. коло во Лигата на шампионите останаа три екипи коишто се без пораз. Веспрем кој беше на овој список од вчера повеќе не е бидејќи загуби на гостувањето во Париз така што сега остануваат уште три екипи кои засега успеваат да одиграт на повисоко ниво од другите.

Во групата А, Вардар и Рајн Некар засега ги имаат првите две позиции, а разликата е во тоа што Вардар има едно, а Рајн Некар три нерешени средби. Сепак, следуваат два меча на кој ќе ги одмеруваат силите и тогаш ќе се види дали ќе остане ваква ситуацијата или некој ќе го напушти друштвото на непоразените.

Тука е и Монпелје, екипата која е единствена што има седум победи на седумте досегашни средби.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО

ГРУПА А

КРИСТИЈАНШТАД – ВИСЛА ПЛОЦК       25:24 (15:10)

ПИК СЕГЕД – НАНТ         30:33 (15:17)

ППД ЗАГРЕБ – ВАРДАР   23:29 (10:15)

БАРСЕЛОНА – РАЈН НЕКАР         26:26 (13:13)

ТАБЕЛА: 1. Вардар 13 бода (189:162); 2. Рајн Некар 11 (214:187); 3. Барселона 10 (212:190); 4. Нант 9 (203:195); 5. ПИК Сегед 7 (210:200); 6. Кристијанштад 3 (178:214); 7. ППД Загреб 2 (169:204); 8. Висла Плоцк 1 (188:212).

ГРУПА Б

БРЕСТ М. – ФЛЕНЗБУРГ                28:30 (15:16)

АЛБОРГ – КЈЕЛЦЕ           30:34 (14:18)

КИЛ – ЦЕЛЈЕ      26:29 (15:14)

ПСЖ – ВЕСПРЕМ              33:28 (19:14)

ТАБЕЛА: 1. ПСЖ 12 (217:192); 2. Веспрем 11 (212:197); 3. Флензбург 10 (198:185); 4. Виве Кјелце 6 (203:200); 5. Брест Мешков 5 (190:194); 6. Целје 5 (209:222); 7. Кил 5 (165:182); 8. Алборг 2 (185:207).

ГРУПА Ц

ЕЛВЕРУМ – КАДЕТЕН Ш.              26:22 (12:9)

ДИНАМО Б. – СКЈЕРН   23:36 (8:18)

АДЕМАР – ГОРЕЊЕ        28:24 (15:13)

ТАБЕЛА: 1. Скјерн 10 (225:181); 2. Горење 8 (191:186); 3. Адемар 8 (190:191); 4. Елверум 8 (203:206); 5. Кадетен Ш. 6 (192:198); 6. Динамо Б. 2 (191:230).

ГРУПА Д

ЧЕХ. МЕДВЕДИ – МОТОР            30:30 (15:17)

СПОРТИНГ – БЕШИКТАШ            34:27 (17:12)

МЕТАЛУРГ – МОНПЕЛЈЕ              21:27 (14:16)

ТАБЕЛА: 1. Монпелје 14 (217:180); 2. Мотор 9 (201:182); 3. Спортинг 6 (206:208); 4. Бешикташ 5 (195:210), 5. Металург 5 (184:200); 6. Чеховски медведи 3 (189:212).