Лига на шампиони ќе се гледа и во Косово

Телевизијата 21 од Косово, која зрачи и на македонска територија, постигна тригодишен договор со Европската ракометна федерација за да ги пренесува натпреварите од Лигата на шампионите, во двете конкуренции.

Според договорот, пакетот ги вклучува натпреварите од групната фаза, потоа елиминациските натпревари и дуелите од завршните турнири во Будимпешта и Келн. ТВ21 ќе биде првиот и единствен медиум од Косово кој ќе пренесува европски ракометни натпревари. Преносите ќе започнат на средината на месец септември, а ќе завршат во јуни следната година.