Лига на шампиони: Ѓер игра уште една шампионска сезона

Натпреварите од Лигата на шампиони во женска конкуренција дојдоа до средина, па до официјализирањето на местата во вториот круг останува уште одигрување на три кола. Веќе е речиси јасно дека тимот на Ѓер си го обезбеди местото во вториот круг иако теоретски тоа ќе се случи во следното коло. Шампионот е единствен со три победи така што оди одлично и во оваа сезона.

Во другите групи Мец и Ростов Дон имаат чиста позиција на врвот и тие исто така се на чекор од вториот круг, додека во групата Д има поголема израмнетост после киксот на Романките во минатото коло. Со новиот тренер ЦСМ Букурешт обезбеди победа, па работите се враќаат на свое место.

Средбите од 3. коло донесоа различен епилог за тимовите на македонските интернационалки. Сара Ристовска со еден гол учествуваше во обезбедувањето на бод за Крим Меркатор на гостувањето во Копривница, додека Саздовска немаше голови против Ѓер.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО

ГРУПА А

ЛАРВИК – ОДЕНЗЕ         25:33

Кристенсен 6, Анденаес 4, Мелер 3 – Хојлунд 8, Јакобсен 5, Киндбоел 5

МЕЦ – БУДУЌНОСТ        25:24

Смит 7, Фипес 4, Хојте 4 – Ласло 6, Јауковиќ 5, Ујкиќ 4

ТАБЕЛА: 1. Мец 5 бода (75:63); 2. Одензе 3 (80:75), 3. Будуќност 2 (77:76); 4. Ларвик 2 (68:86).

ГРУПА Б

КОПЕНХАГЕН – РОСТОВ ДОН   21:27

Блом 4, Бонт 4, Де ла Кур 3 – Вјахирева 9, Кузнецова 5, Манагарова 5

САВЕХОФ – БРЕСТ          27:39

Халагард 5, Мелгард 4, Дано 3 – Гроз 8, Мангу 8, Поп-Лазиќ 5

ТАБЕЛА: 1. Ростов 5 (86:71); 2. Копенхаген 4 (89:77), 3. Брест 3 (96:88); 4. Савехоф 0 (70:105).

ГРУПА Ц

ПОДРАВКА – КРИМ МЕРКАТОР              27:27

Чигиринова 5, Ихнева 4, Милосављевиќ 4 – Мавсар 10, Станко 4, Передери 3… Ристовска 1

ТУРИНГЕР – ЃЕР              22:38

Лузумова 5, Штоле 4, Тришук 4 – Офтедал 6, Боди 5, Братсет 5.

ТАБЕЛА: 1. Ѓер 6 (110:72); 2. Подравка 3 (82:86); 3. Крим Меркатор 3 (77:86); 4. Турингер 0 (68:93)

ГРУПА Д

КРИСТИЈАНСАНД – ЦСМ БУКУРЕШТ    27:29

Суланд 8, Ауне, Рајстад 4 – Лекиќ 9, Неагу 7, Лазовиќ 4

БИТИГХАЈМ – ФТЦ РАИЛ КАРГО            25:28

Ван дер Хејден 5, Наидзинијавичиус 4, Шулце 3 – Хафра 8, Пена 7, Шацл 5    

ТАБЕЛА: 1. ЦСМ Букурешт 4 (93:88); 2. ФТЦ Раил Карго 4 (86:87); 3. Битигхајм 3 (82:83); 4. Кристијансанд 1 (80:83).