Лига на шампиони: Сите на десетка пред дербито Вардар-Барселона

Пред утрешното комплетирање на 7. коло во двете главни групи има интересен распоред на првите четири позиции. Особено е интересно во групата А каде дури четири екипи се со по десет поени.

Сепак, Барселона и Вардар утре ќе го одиграат својот меч и сосема извесно е дека ќе дојде до промена така што утре пред 19 часот ќе биде познат комплетниот пласман во групата А.

Затоа, пак, во групата Б тимот на ПСЖ успеа да го одржи лидерското место и со максимални 14 бода останува единствениот состав кој има седум од седум сезонава и останува лидер без конкуренција засега.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, МАЖИ

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО

ГРУПА А

РАЈН НЕКАР – МОНПЕЛЈЕ          37:27

Сигурдсон 11, Колбахер 9, Шмид 5 – Ричардсон 10, Порт 4, Вилемино 4.

МЕШКОВ БРЕСТ – КЕЛЦЕ            26:35

Кулак 4, Селвасјук 4, Ѓорѓиќ 3 – Јанц 8, А. Душебаев 7, Јуркиевич 4.

КРИСТИЈАНШТАД – ВЕСПРЕМ 32:29

Гудмундсон 7, Нилсен 6, Кањелас 5 – Мае 4, Лекаи 3, Манасков 3.

НЕДЕЛА, 11.11.2018

17:00ч

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА

ТАБЕЛА: 1. Барселона 10 бода (204:163); 2. Рајн Некар 10 (229:207); 3. Вардар 10 (173:155); 4. Келце 10 (217:202)…

ГРУПА Б

ПСЖ – ФЛЕНЗБУРГ        29:28

Генсхајмер 8, Ремили 6, Сагосен 4 – Јепсон 9, Јоханесен 5, Гландорф 3.

ППД ЗАГРЕБ – ЦЕЛЈЕ     24:22

Хорват 6, Мандиќ 4, Керими 3 – Вујовиќ 5, Ненадиќ 4, Овничек 3.

НЕДЕЛА, 11.11.2018

16:50ч

СКЈЕРН – ПИК СЕГЕД

18:00ч

МОТОР – НАНТ

ТАБЕЛА: 1. ПСЖ 14 бода (223:188); 2. Пик Сегед 10 (180:167); 3. Нант 6 (189:173); 4. Флензбург 6 (196:190)…

ГРУПА Ц

МЕТАЛУРГ – СПОРТИНГ              24:31

Димитриоски 5, Танкоски 4, Лазаревски 3 – Руеска 5, Валдез 5, Карол Марцо 4.

ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – БЈЕРИНГБРО   24:30

Санталов 6, А. Котов 4, Василев 4 – Нилсен 8, Педерсен 5, Хансен 4.

ТАТРАН ПРЕШОВ – БЕШИКТАШ              27:23

Буторац 5, Рабек 5, Страновски 5 – Озбахар 8, Прибак 5, Доне 4.

ТАБЕЛА: 1. Бјерингбро 12 (232:186); 2. Спортинг 10 (209:189); 3. Татран Прешов 10 (192:177); … 6. Металург 2 (171:214).

ГРУПА Д

ДИНАМО БУКУРЕШТ – АДЕМАР ЛЕОН                35:30

Банур 11, Комогоров 7, Дескат 4 – Лопез Алварез 11, Фернандез 5, Маркез 4.

ВИСЛА ПЛОЦК – ЕЛВЕРУМ        30:28

Млакар 8, Сулиќ 6, Моја Флоридо 5 – Гудјонсон 7, Фредериксен 6, Сандел 4.

НЕДЕЛА, 11.11.2018

15:15ч

РИХИМАЕН КОКС – ВАКЕР ТУН

ТАБЕЛА: 1. Висла Плоцк 10 (202:177); 2. Динамо Букурешт 10 (208:200); 3. Адемар Леон 8 (182:182)…