Лига на шампиони: Сара Ристовска и Крим чекаат победа против Подравка

Во женската Лига на шампиони најинтересниот дуел денеска за Македонија е пресметката меѓу шампионите на Словенија и на Хрватска. Крим Меркатор за кој настапува Сара Ристовска го пречекува составот на Подравка и ова ќе биде можност да се дојде до триумф и да се надомести за ремито на средбата во 3. коло.

Крим ќе биде фаворит на овој меч и тука може да се очекуваат два бода за најдобриот тим од Словенија.

Втората македонска интернационалка која игра во Лигата на шампионите, Јована Саздовска ќе има тешко гостување каде што веќе е запишан пораз. Турингер му гостува на Ѓер, ама овој меч се игра в понеделник.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЖЕНИ

ДВОЈКИ ЗА 4. КОЛО

ГРУПА А

НЕДЕЛА, 04.11.2018

13:30ч

ОДЕНЗЕ – ЛАРВИК

19:00ч

БУДУЌНОСТ – МЕЦ

ТАБЕЛА: 1. Мец 5 бода (75:63); 2. Одензе 3 (80:75); 3. Будуќност 2 (77:76); 4. Ларвик 2 (68:86).

ГРУПА Б

САБОТА, 03.11.2018

14:00ч

РОСТОВ ДОН – КОПЕНХАГЕН

НЕДЕЛА, 04.11.2018

15:00ч

БРЕСТ – САВЕХОФ

ТАБЕЛА: 1. Ростов Дон 5 (86:71); 2. Копенхаген 4 (89:77); 3. Брест 3 (96:88); 4. Савехоф 0 (70:105).

ГРУПА Ц

САБОТА, 03.11.2018

19:00ч

КРИМ МЕРКАТОР – ПОДРАВКА

ПОНЕДЕЛНИК, 05.11.2018

19:00ч

ЃЕР – ТУРИНГЕР

ТАБЕЛА: 1. Ѓер 6 (110:72); 2. Подравка 3 (82:86); 3. Крим Меркатор 3 (77:86); 4. Турингер 0 (68:93).

ГРУПА Д

НЕДЕЛА, 04.11.2018

14:30ч

ФТЦ РАИЛ КАРГО – БИТИГХАЈМ

17:30ч

ЦСМ БУКУРЕШТ – КРИСТИЈАНСАНД

ТАБЕЛА: 1. ЦСМ Букурешт 4 (93:88); 2. ФТЦ Раил Карго 4 (86:87); 3. Битигхајм 3 (82:83),  4. Кристијансанд 1 (80:83).