Лига на шампиони: Пет четврт-финалисти познати, останаа уште три места

После одигрувањето на натпреварите од 3. коло од Лигата на шампионите во женска конкуренција останаа уште само малку дилеми кои треба да се решат во следните три викенди.

Според она што досега беше посетигнато во Групата 1 тимовите на Мец, Ростов Дон и Будуќност си го обезбедија местото во четврт-финалето и до крајот ќе биде прашање само кој состав на која позиција ќе заврши.

Во Групата 2, пак, Ѓер и ЦСМ Букурешт веќе го потврдија местото во елиминациите, додека Кристијансанд и ФТЦ Раил Карго се на добар пат и тоа би можеле да го направат веќе во следното коло.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЖЕНИ

ВТОРА ФАЗА

РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО

ГРУПА 1

МЕЦ – КОПЕНХАГЕН     36:24

Зади Деуна 7, Ниомбла 4, Нокамби 4 – Нилсен 5, Де Ла Кор 4, Алм 3

ОДЕНЗЕ – РОСТОВ ДОН              26:30

Транборг 8, Квинтињо , Хајдал 3 – Манагарова 6, Абинг 4, Сен 4

БУДУЌНОСТ – БРЕСТ     28:27

Јауковиќ 12, Брновиќ 3, Грбиќ 3 – Тисие 6, Мангу 5, Поп-Лазиќ 5

ТАБЕЛА: 1. Мец 11 бода (201:162); 2. Ростов Дон 11 (195:176); 3. Будуќност 10 (183:172); 4. Копенхаген 4 (181:202); 5. Одензе 4 (173:195); 6. Брест 2 (181:207).

ГРУПА 2

КРИМ МЕРКАТОР – ФТЦ РАИЛ КАРГО 23:25

Гнабоју 6, Мавсар 5, Станко 5 – Клујбер 9, Хафра 5, Ковачич 4

ЃЕР – КРИСТИЈАНСАНД               33:29

Хансен 8, Брафсет 7, Горбич 6 – Суланд 8, Ауне 5, Андерсен 5

ТУРИНГЕР – ЦСМ БУКУРЕШТ    30:38

Лузумова 12, Саздовска 4, Шмелцер 4 – Радичевиќ 13, Цуреа 6, Омореги 6

ТАБЕЛА: 1. Ѓер 13 бода (241:184); 2. ЦСМ Букурешт 10 (222:209); 3. Кристијансанд 8 (204:209); 4. ФТЦ Раил Карго 7 (205:218), 5. Крим Меркатор 3 (172:199); 6. Турингер 1 (182:226).