Лига на шампиони: Монпелје-Вардар и Веспрем-Келце за саботна ракометна треска

Денеска и утре ќе биде комплетирано 1. коло од Лигата на шампионите кое стартуваше во средата со четирите средби одиграни во Германија, Украина, Романија и Финска.

Централно внимание ќе заземе двобојот меѓу актуелниот освојувач на Лигата на шампионите и тимот кој победи во 2017 година. Монпелје е домаќин на Вардар во ситуација која е многу поразлична од онаа кога во мај играа во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Монпелје го има речиси истиот состав, додека Вардар претрпе промени со заминувања на неколку играчи кои беа носители на играта. Сепак, и покрај ова денеска дуелот Монпелје-Вардар сигурно ќе биде во центарот на вниманието заедно со пресметката меѓу Веспрем и Келце која почнува само пола час подоцна.

Овие две средби ќе го одбележат денешниот ден, а сигурно ќе има што да се види на двобојот во Унгарија. Љубомир Врањеш ќе треба да покаже дека засилувањата кои беа донесени се доволни за успех. Штербик, Штрлек, Мае, Мацковшек, Тофт Хансен… се играчи кои со своето искуство ќе придонесат за клубот да биде далеку посигурни на теренот.

Утре, пак, Нант против Флензбург го има мечот на денот и тука исто така се очекува да има возбудувања и неизвесност. Французите сигурно ќе сакаат бодови, но шампионот на Германија нема да биде воопшто лесна задача бидејќи Флензбург докажа во последните години дека знае како треба особено во групната фаза од Лигата на шампионите.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 1. КОЛО

ГРУПА А

РАЈН НЕКАР – БАРСЕЛОНА         35:34

САБОТА, 15 СЕПТЕМВРИ

17:30ч

МОНПЕЛЈЕ – ВАРДАР

18:00ч

ВЕСПРЕМ – КЕЛЦЕ

19:30ч

КРИСТИЈАНШТАД – МЕШКОВ БРЕСТ

ГРУПА Б

МОТОР З. – ПСЖ             29:35

НЕДЕЛА, 16 СЕПТЕМВРИ

17:00ч

ЦЕЛЈЕ – СКЈЕРН

19:00ч

НАНТ – ФЛЕНЗБУРГ

20:00ч

ППД ЗАГРЕБ – ПИК СЕГЕД

ГРУПА Ц

САБОТА, 15 СЕПТЕМВРИ

16:30ч

БЕШИКТАШ – ТАТРАН ПРЕШОВ

19:30ч

СПОРТИНГ – МЕТАЛУРГ

НЕДЕЛА, 16 СЕПТЕМВРИ

15:10ч

БЈЕРИНГБРО – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ

ГРУПА Д

РИХИМАЕН КОКС – АДЕМАР ЛЕОН       19:19

ДИНАМО БУКУРЕШТ – ЕЛВЕРУМ            26:24

НЕДЕЛА, 16 СЕПТЕМВРИ

19:00ч

ВИСЛА ПЛОЦК – ВАКЕР ТУН