Лига на шампиони, мажи: Викенд на дерби двобои со Вардар-Барса како главен настан

Денеска и утре ќе биде комплетирано 7. коло од Лигата на шампионите во машка конкуренција каде ќе има неколку интересни дуели.

Централното внимание го зазема пресметката меѓу Вардар и Барселона, но ќе има уште неколку други средби на кои исто така се очекува добар ракомет. Денеска возбудувања се чекаат во Мешков каде гостува Келце, во Париз (ПСЖ-Флензбург) и на пресметката меѓу ППД Загреб и Целје.

Ова се дуели кои сигурно ќе го привлечат вниманието на ракометните фанови, но јасно е дека ќе има што да се види на секој од дуелите кои останаа од оваа рунда.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, МАЖИ

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО

ГРУПА А

РАЈН НЕКАР – МОНПЕЛЈЕ          37:27

Сигурдсон 11, Колбахер 9, Шмид 5 – Ричардсон 10, Порт 4, Вилемино 4.

САБОТА, 10.11.2018

16:00ч

МЕШКОВ БРЕСТ – КЕЛЦЕ

18:45ч

КРИСТИЈАНШТАД – ВЕСПРЕМ

НЕДЕЛА, 11.11.2018

17:00ч

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА

ТАБЕЛА: 1. Барселона 10 бода (204:163); 2. Рајн Некар 10 (229:207); 3. Вардар 10 (173:155); 4. Келце 8 (182:176)…

ГРУПА Б

САБОТА, 10.11.2018

17:30ч

ПСЖ – ФЛЕНЗБУРГ

20:00ч

ППД ЗАГРЕБ – ЦЕЛЈЕ

НЕДЕЛА, 11.11.2018

16:50ч

СКЈЕРН – ПИК СЕГЕД

18:00ч

МОТОР – НАНТ

ТАБЕЛА: 1. ПСЖ 12 бода (194:160); 2. Пик Сегед 10 (180:167); 3. Нант 6 (189:173); 4. Флензбург 6 (168:161)…

ГРУПА Ц

МЕТАЛУРГ – СПОРТИНГ              24:31

Димитриоски 5, Танкоски 4, Лазаревски 3 – Руеска 5, Валдез 5, Карол Марцо 4.

САБОТА, 10.11.2018

14:00ч

ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – БЈЕРИНГБРО

18:00ч

ТАТРАН ПРЕШОВ – БЕШИКТАШ

ТАБЕЛА: 1. Бјерингбро 10 (202:162); 2. Спортинг 10 (209:189); 3. Татран Прешов 8 (165:154); … 6. Металург 2 (171:214).

ГРУПА Д

ДИНАМО БУКУРЕШТ – АДЕМАР ЛЕОН                35:30

Банур 11, Комогоров 7, Дескат 4 – Лопез Алварез 11, Фернандез 5, Маркез 4.

САБОТА, 10.11.2018

18:00ч

ВИСЛА ПЛОЦК – ЕЛВЕРУМ

НЕДЕЛА, 11.11.2018

15:15ч

РИХИМАЕН КОКС – ВАКЕР ТУН

ТАБЕЛА: 1. Динамо Букурешт 10 (208:200); 2. Адемар Леон 8 (182:182); 3. Висла Плоцк 8 (172:149)…