Лига на шампиони, жени: Сите екс „вардарки“ си обезбедија втора фаза

Ракометарките кои минатата година го носеа дресот на Вардар, а сезонава се низ цела Европа успеаја со своите тимови да си обезбедат место во следната фаза од Лигата на шампионите.

Полина Кузнецова ќе биде единствената поранешна вардарка која ќе игра во првата група во која ќесе најдат составите од групите А и Б. Таму пласман има за Мец, Будуќност,Одензе, Ростов Дон, Копенхаген и Брест.

Во втората групаќе има повеќе ракометарки кои порано беа во „црвено-црно“. Тука се имакедонските репрезентативки, Сара Ристовска и Јована Саздовска, но и Амандин Лејно, Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ, Драгана Цвијиќ и Барбара Лазовиќ.

Втората група ќе биде составена од Ѓер, Крим Меркатор, Турингер, ЦСМ Букурешт, Кристијансанд и ФТЦ Раил Карго.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЖЕНИ

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 6. КОЛО

ГРУПА А

БУДУЌНОСТ – ЛАРВИК                26:25

Јауковиќ 9, Ласло 5, Рамусовиќ 4 – Молид 7, Андренаес 4, Мелер 3

МЕЦ – ОДЕНЗЕ                41:26

Хојет 8, Смит 6, Канор 4 – Хојунд 7, Бакеруд 4, Офендал 4

ТАБЕЛА: 1. Мец 9 (166:133); 2. Будуќност 8 (152:142); 3.Одензе 5 (155:165); 4. Ларвик 2 (137:170).

ГРУПА Б

РОСТОВ ДОН – БРЕСТ   30:24

Вјахирева 7, Макеева 6, Манагарова 4 – Грос 6, Пино 4, Стоиљковиќ 4

КОПЕНХАГЕН – САВЕХОФ           33:22

Бломстранд 6, Фонс 5, Де Ла Кур 4 – Форсберг 4, Халагард 4, Луднбек 3

ТАБЕЛА: 1. Ростов Дон 11 (178:146); 2. Копенхаген 7 (175:157); 3. Брест 6 (182:172);  4. Савехоф 0 (144:204).

ГРУПА Ц

ТУРИНГЕР – КРИМ МЕРКАТОР                26:26

Ланг 7, Лузумова 5, Јакубисова 3 – Цакалу 7, Передери 4, Ристовска 3

ЃЕР – ПОДРАВКА            37:17

Кристијансен 6, Талеска 5, Боди 4 – Чигиринова 4, Турк 3, Холесова 2

ТАБЕЛА: 1. Ѓер 12 (210:140); 2. Крим Меркатор 6 (153:164); 3. Турингер 3 (153:173); 4. Подравка 3 (142:181).

ГРУПА Д

КРИСТИЈАНСАНД – ФТЦ РАИЛ КАРГО 35:27

Суланд 8, Рајстад 6, Итеринг 6 – Хафра 7, Мешарош 5, Пена 5

ЦСМ БУКУРЕШТ – БИТИГХАЈМ                32:24

Лекиќ 6, Неагу 5, Мехмедовиќ 4 – Лорпер 5, Густин 3, Кудлач 3

ТАБЕЛА: 1. ЦСМ Букурешт 8 (185:171); 2. Кристијансанд 7 (180:162); 3. ФТЦ Раил Карго 6 (174:186); 4. Битигхајм 3 (162:182).