Лига на шампиони: Вардар и ривалите ја продолжуваат битката до крај

Екипите кои се натпреваруваат за пласман во осминафиналето ја продолжуваат битката, а и понатаму владее неизвесност. И после 11. коло тимовите на Барселона и на ПСЖ не можат да бидат сигурни дека ќе одат директно во четврт-финалето бидејќи се на само три бода пред Вардар односно Пик Сегед што значи дека и во следните три кола ќе има возбудувања.

Натпреварите од Групата А се одиграа вчера и тогаш беше познато каков е распоредот на тимовите на табелата после 11. коло, а денеска во Групата Б се одиграа уште три средби кои донесоа уште поголема неизвесност во битката за осминафиналето и разлика од само еден поен меѓу Флензбург, Загреб, Нант и Мотор. И Целје и Скјерн се со шанси што значи дека сите 16 екипи остануваат во трка за пласман во елиминациите.

Како изгледаат табелите после 11. коло и кои резултати беа постигнати можете да видите во продолжение.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – МАЖИ

РЕЗУЛАТИ ОД 11. КОЛО

ГРУПА А

РАЈН НЕКАР – ВАРДАР                27:30

Шмид 9, Колбахер 8, Петерсон 4 – Дибиров 7, Карачиќ 6, Стоилов 6

МОНПЕЛЈЕ – МЕШКОВ БРЕСТ   29:23

Ричардсон 8, Бонефон 4, Гигу 4 – Баранау 4, Ѓорѓиќ 3, Јуринок 3

ВЕСПРЕМ – БАРСЕЛОНА             29:26

Манасков 4, Мае 4, Ненадиќ 4 – Арињо 4, Н’Гесан 4, Томас 4

КРИСТИЈАНШТАД – КЕЛЦЕ        33:34

Арнарсон 5, Хринц 5, Гудмундсон 4 – Јурецки 11, Јуркиевич 5, Кулеш 4

ТАБЕЛА: 1. Барселона 18 бода (351:283); 2. Вардар 15 (314:304); 3. Веспрем 14 (317:300); 4. Келце 14 (348:336); 5. Рајн Некар 12 (339:324); 6. Монпелје 5 (294:318); 7. Мешков Брест 5 (300:344); 8. Кристијанштад 5 (317:368).

ГРУПА Б

НАНТ – ПСЖ     31:35

Лазаров 6, Ривера 6, Балагер 5 – Абало 7, Хансен 6, Тофт Хансен 6

ЦЕЛЈЕ – ПИК СЕГЕД        28:29

Акамбре 8, Кијун 6, Кодрин 5 – Македа 7, Бомбач 5, Банхиди 4

ППД ЗАГРЕБ – СКЈЕРН  32:29

Сршен 9, Мандиќ 6, Буриж 3 – Мирхол 8, Могенсен 6, Конрадсон 4

МОТОР З. – ФЛЕНЗБУРГ              28:26

Пухоуски 9, Маласинскас 7, Бабичев 4 – Лауге Шмит 6, Гландорф 5, Јоханесен 5

ТАБЕЛА: 1. ПСЖ 20 (355:300); 2. Пик Сегед 17 (329:313); 3. Флензбург 10 (300:294); 4. ППД Загреб 10 (284:307); 5. Нант 9 (329:321); 6. Мотор Запорожје 9 (326:328); 7. Целје 7 (290:318); 8. Скјерн 6 (308:340).