Лига на шампиони: Вардар и ПСЖ ги задржаа лидерските места

Вардар и ПСЖ и понатаму се лидери на табелите во групите А и Б од Лигата на шампионите во машка конкуренција.

Иако вардарци беа запрени во одличната серија со минималниот пораз од Барселона, сепак, остануваат лидери и во моментов имаат бод предност од Нант. Сепак, до крајот имаат подобар распоред, па може да се очекува да ја зачуваат лидерската позиција и после одигрувањето на следните три кола.

ПСЖ веќе е сигурен во својата група, но ќе мора и Французите да ги одработат добро последните три кола доколку сакаат директно место во четврт-финалето.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ (МАЖИ)

РЕЗУЛТАТИ ОД 11. КОЛО

ГРУПА А

ВИСЛА ПЛОЦК – ППД ЗАГРЕБ   27:24

КРИСТИЈАНШТАД – НАНТ          26:31

БАРСЕЛОНА – ВАРДАР                29:28

РАЈН НЕКАР – ПИК СЕГЕД            35:37

ТАБЕЛА: 1. Вардар 18 бода (299:253); 2. Нант 17 (323:303); 3. Барселона 14 (326:302); 4. Рајн Некар 12 (322:305); 5. ПИК Сегед 11 (334:321); 6. Висла Плок 6 (295:317), 7. Кристијанштад 6 (278:333); 8. ППД Загреб 4 (274:317).

ГРУПА Б

КИЛ – ВЕСПРЕМ              22:20

БРЕСТ – АЛБОРГ              23:23

ЦЕЛЈЕ – ПСЖ     26:31

ФЛЕНЗБУРГ – КЈЕЛЦЕ    32:32

ТАБЕЛА: 1. ПСЖ 20 (338:299), 2. Флензбург 15 (327:307), 3. Веспрем 13 (313:303); 4. Кил 13 (281:282); 5. Кјелце 9 (318:320); 6. Брест М. 8 (295:311), 7. Алборг 5 (292:315), 8. Целје 5 (313:340).