Лига на шампиони: Брест испушти победа против Алборг

Составите на Брест Мешков и Алборг го отворија вториот дел од сезоната во Лигата на шампионите односно го отворија 11. коло. Тимовите од Белорусија и Данска ремизираа со резултат 23:23 и на тој начин и двата тима не дојдоа до посакуваното.

300x250

Од ремито најзадоволни можат да бидат екипите на Кјелце и Целје. Тимот на Кјелце може да биде задоволен поради тоа што Брест не го помина на табелата, додека Целје вака добива нова шанса за да дојде до 5. позиција.

Алборг го доби првото полувреме со 12:10, но во вторите 30 минути Брест беше тимот кој доминираше на теренот. Белорусите постојано беа во водство и се надеваа на два бода, но во последните минути од дуелот беше испуштена шансата. Гостите беа поконцентрирани и се одбранија.

Брест имаше два напади за да постигне гол за победа, но не успеа. За вториот напад недостигаше и време, па на крајот Алборг си замина со бод, а ова не донесе ништо ниту за едниот ниту за другиот состав. Брест остана на 6. позиција, но Целје добива шанса за да се врати во игра за осминафинале, додека Алборг останува последен.

Инаку, најефикасен кај домашните со пет гола беше Петар Ѓоргиќ, додека кај гостите со шест погодоци прв стрелец беше Тобијас Елебек. Голманите исто така имаа добра вечер. Пешиќ запре 14 удари на гостите, додека Микаел Агефорс имаше 15 одбрани од игра и еден седмерец.