Ливриниќ не промаши ниту еднаш

Тимот на Данубиус Галаци, каде настапуваат двете македонски репрезентативки Елена Ливриниќ и Дајана Јовановска, загуби на гостувањето кај Бистрица со 29:28, во рамките на 21 коло од романскиот шампионат.

Ливриниќ на овој дуел имаше реализација 6 од 6 и беше втор стрелец, но тоа не беше доволно за Данубиус да освои барем бод од ова гостување. Тимот од Галаци во следниот натпревар ќе игра на домашен терен против Униреа.

Магура Чиснаиде на Јована Саздовска одигра 22:22 на домашен терен против Залау.