Лејно: Ѓер е најголем фаворит за титулата, но ние најмногу ја посакуваме

На денешната ждрепка во Будимпешта, вардарки го добија истиот противник од лани во полуфиналето. Европскиот првак ЧСМ Букурешт по вторпат ќе биде пречка за македонскиот првак на патот до финалето. Голманката Амандин Лејно за 24ракомет ги кажа своите очекувања од претстојниот Ф4.

„Мислам дека секоја година е нова приказна. Не можеме да ја споредувамеоваа година со минатата, имаме нови играчи, се е променето, секогаш е различна игра, не може да се споредува. Пред ждрепката си размислував со кој тим би сакала да играме, но не можев да одберам. Сите се добри, сите имаат различен стил на игра. Ѓер ќе беше тежок противник, но ждрепката ни ги додели ЧСМ. Ние ќе го дадеме најдоброто, тие исто така. Ќе се подготвиме добро, но никогаш не можеме да го прогнозираме конечниот исход од овој дуел.“ – вели Лејно.

Унгарскиот Ѓер е најголем фаворит за титулата според франвуската интернационалка.

„Ѓер игра практично дома и мислам дека тоа е тимот што е најголем фаворит за титулата, но нема да кажам дека тие ќе ја освојат титулата, сакам да ја освоиме ние. Не сакам да размислувам дека нема да играме во финалето.“ – заврши Лејно.