Лејно, Радичевиќ, Лекиќ и Херем ќе играат за селекцијата на светот

Четири ракометарки на Вардар добија покана да играат за селекцијата на светот, што ќе биде водена од Мартин Амбрoш. Натпреварот ќе се одигра на 21 јуни во Прага во организација на ракометните федерации на Чешка и на Словачка.

Покана за настап на овој егзибициски натпревар добија Амандин Лејно, Јованка Радичевиќ, Андреа Лекиќ и Камила Херем. Селекцијата на светот би одиграла натпревар против селекција на Чехословачка. Натпреварот е закажан за втората половина на јуни со цел да завршат сите клупски и репрезентативни обврски на играчите.