Лејно: Немам друг избор, освен да си заминам!

Француската репрезентативка Амандин Лејно на крајот на сезоната ќе си замине од Вардар и ќе се пресели во европскиот шампион Ѓер. Таа потпиша едногодишен договор, со можност да биде продолжен за уште, доколку двете страни се задоволни од соработката. Иако многу нејзини колешки од репрезентацијата се враќаат во Франција, таа ја одби понудата од Брест Бретањ и ќе продолжи во Унгарија. Лејно за француските медиуми вели дека жали што приказната со Вардар завршува на ваков начин.

300x250

„Претседателот на клубот не информираше дека женскиот тим нема да биде на врвно ниво во иднина. Немаме друг избор, освен да си заминеме. Добро во сето ова е тоа што го дознавме ова во текот на сезоната, па имаше време да најдеме нови ангажмани.“ – вели Лејно .

Французинката е задоволна што дел од својата кариера поминува во Скопје.

„Напредокот во Вардар ми донесе и други можности, да запознаам друга култура, друга земја, идилично опкружување и играње на спортот број еден во државата. Навистина бев задоволна и среќна, го сакам клубот и жал ми е што приказната ќе заврши на ваков начин.“ – изјави Лејно.