Лејно, Лакрабер и колешките останаа само со бод против Шпанија

Селекцијата на Франција за која настапуваат Амандин Лејно и Александра Лакрабер одигра само нерешено против Шпанија иако на неколку секунди пред крајот имаа гол предност.

Франција и Шпанија ремизираа со 25:25, па со ова реми и помогнаа на селекцијата на Романија да го обезбеди првото место во својата група. И Французинките и Шпанките после ова реми имаат по пет поени што на коло до крајот на групната фаза е три помалку од лидерот.

На овој меч кој денеска го одиграа Франција и Шпанија и беше дерби на денот имаше израмнета игра. Ниту една селекција не успеа да направи голема предност, а тоа допринесе на крајот во последната минута да се одлучува кој ќе победи. Ремито беше лоша варијанта и за едните и за другите, па сега немаат шанса за првото место и утре ќе има битка за избегнување на Норвешка во осминафиналето.

Лакрабер успеа да постигне само еден гол од четири обиди, додека Лејно запре осум удари на противничките ракометарки.