Лејно за 24Ракомет ТВ: Го заслуживме пласманот на Ф4 и ќе се бориме да ја донесеме толку посакуваната титула (ВИДЕО)

Ракометарките на Вардар по четврти пат се пласираа на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, откако во четвртфиналниот двомеч беа подобри од данскиот претставник Митјиланд. По првата победа во Данска со 26:28, избраничките на Ирина Дибирова, иако потешко од очекувањата, славеа победа и на вториот натпревар со 26:24. Голманката Амандин Лејно вели дека Вардар заслужено патува на Ф4 и ќе се бори да стигне до толку посакуваната титула. Целосната изјава погледнете ја во продолжение…