Летечкиот Кире: Цела арена во Нант му се поклони на Лазаров (ВИДЕО)

Кирил Лазаров по враќањето од повредата игра во фантастична форма во екипата на Нант.Одличната форма на францускиот состав кулминираше со историскиот пласман на Ф4 турнирот во Келн, а ракометарите на Тиери Анти прикажуваат и во домашниот шампионат каде се наоѓаат на третата позиција зад Монпелје и ПСЖ.

300x250

Во последното коло од Француското ракометно првенство беа постигнати голем број феноменални погодоци, а еден од нив беше дело на најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров. Во завршните моменти од последниот висок триумф над Иври, Лазаров со еден потег потсети на настапите во репрезентацијата и ги крена навивачите на Нант на нозе.

Кире изведе двоен цепелин со десното крило на Нант-Давид Балагер, и во елегантен стил го матираше противничкиот голман. Овој погодок на Лазаров се најде на второто место на најдобри погодоци на колото во Франција, а покрај него во ова друштво се најдоа и: Адриан Дипанда, Силвиан Хоче, Уве Генсхајмер, Александре Трита.

Најдобрите голови погледнете ги на следното видео