Лесни три бода за Пелистер и потврда за плеј-оф

Екипата на Прилеп која во вториот дел од сезоната настапува со ракометари од младинскиот состав сосема очекувано загуби од тимот на Пелистер во меч во кој играше како домаќин во Битола со 18:46. Ракометарите на Пелистер беа убедливи и со оваа победа го потврдија местото во плеј-офот така што во последното коло против Охрид ќе треба формално да ја доработат задачата од овој дел од сезоната.

На средбата против Прилеп беа во водство од почетокот на мечот така што во ниту еден момент не дозволија неизвесност и проблеми. Прилепчани кои во записникот беа домаќини мечот го загубија уште во првото полувреме кога резултатот беше 9:28.

Оттаму во продолжението и немаше многу шанси. Прилеп и во второто полувреме постигна само пет гола така што останува на дното и ќе биде во тешка битка да обезбеди опстанок во Супер лигата.

ПРИЛЕП – ПЕЛИСТЕР 18:46 (9:28)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 800. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Петре Климкаров од Велес.

ПРИЛЕП: Талески, Ангелески, Ивчески, Ѓероски 2, Д. Трајкоски, Алексоски, Свртинов 4, Јосески 2, В. Трајкоски 3, Илиески 2, Темелкоски 2, Чупетрески 3, Вренцоски, С. Трајкоски, Крстески.

Седмерци: 2/4, Исклучувања:

ПЕЛИСТЕР: Јовановски, Плех, Ристевски, Петров 7, Поповиќ, Гуглета, Димитровски, Табанге 9, Апостоловски 7, Станојевиќ, Лековиќ 8, Димитровски 6, Кобетиќ, Стоилевски 7, Дрогришки, Ивановски 2.

Седмерци: 0/1, Исклучувања: 4 мин.