Лекиќ: ЧСМ Букурешт е еден од најголемите клубови во Европа

Андреа Лекиќ по пет сезони ќе си замине од Скопје и ќе ја продолжи кариерата во ЧСМ Букурешт. Најдобрата ракометарка во 2013 година според ИХФ по настапите во Словенија за Крим, во Унгарија за Ѓер и во Македонија за Вардар, ќе се обиде во Романија и ќе игра за ЧСМ во следните две сезони.

300x250

„Го одбрав ЧСМ Букурештзатоа што е еден од најголемите клубови во Европа и сака да ја освовојува Лигата на шампионите секоја година. Тоа е мојата главна амбиција и возбудена сум што ќе играм со одлични ракометарки. Ги познавам голем број од моите идни колешки и сигурна сум дека тие ќе ми помогнат за подобро да се адаптирам, а сум слушнала убави зборови за Букурешт и едвај чекам да го запознам градот.“ – изјави Лекиќ на промоцијата.