Лекиќ за 24Ракомет ТВ ја откри амајлијата што им донесе финале на ЛШ (ВИДЕО)

Во четвртиот обид како дел од Вардар, Андреа Лекиќ ќе има шанса да го оствари планираното, да стане европски првак и да го повтори успехот што веќе го има постигнато, но како дел од Ѓер. Токму против унгарскиот првак утре Лекиќ ќе го ига своето трето финале во лигата на шампионите.

Зад себе има едно злато и едно сребро од Ф4 натпреварите и уште три бронзени медали, но со Вардар. Бекот на Вардар постигна шест гола во полуфиналето со ЧСМ Букурешт, а за 24ракомет ТВ откри и што беше нивната амајлија на овој натпревар.