Легендата на шпанскиот ракомет вели: После секоја Олимпијада очекувани се вакви изненадувања!

Мундијалското осминафинале донесе два изненадувачки резултати. Данска и Германија го завршија својот престој на светското ракометно првенство, по елиминацијата од Унгарија односно Катар.

Неубедливите игри во групната фаза пресликаа лош впечаток за формата на актуелниот светски вицепрвак, Катар. За многумина елиминацијата на Германија беше изненадување, но не и за легендата на шпанскиот ракомет Хуан де Диос Роман. Некогашниот освојувач на олимписки медали, трофејниот селектор, а подоцна и претседател на Шпанската ракометна федерација без колебање потенцира дека резултатот на натпреварот меѓу Германија и Катар воопшто не е изненадувачки.


Иконата на шпанскиот ракомет во својата кариера одиграл многу значајни натпревари, а како селектор на Шпанија на двапати од Олимписките игри се вратил со бронзениот медал. Во Франција будно ги следи случувањата во светскиот ракомет и за неочекуваните резултати во елиминациската фаза вели:

После секои Олимписки игри, на Светските првенства има овакви изненадувања. Затоа не е чудно што дел од големите фаворити, како Данска и Германија уште во осминафиналето ќе се простат од светскиот шампионат. Овие ракометари пред сè оние од европските земји, се премногу заморени. Шведска играше на Олимписките игри, но не се потроши бидејќи беа неуспешни и бргу елиминирани. Не им е лесно на европските ракометари, тие играат во силни лиги и сето ова е разбирливо. Затоа кога ќе погледнете во минатото може да се забележат многу вакви изненадувања.- истакна популарниот Рамон Секо.

Денес на програмата во Франција се четвртфиналните дуели, а осминалнафиналната фаза само покажа дека не постои загарантирано место меѓу четирите најдобри селекции во светот. Денот ќе го отворат Норвешка и Унгарија (17), потоа следува дуелот меѓу Франција и Шведска (19), а во вечерниот термин (20:45) ќе се одиграат последните два дуела меѓу Словенија и Катар, како и оној највозбудливиот меѓу Хрватска и Шпанија.

Од Франција,
Агрон Хајредин