Легендарниот Џексон Ричардсон ќе биде селектор на Габон

Легендата на францускиот ракомет Џексон Ричардсон, ќе биде селектор на репрезентацијата на Габон. Некогашниот репрезентативец на „триколорите“ кој сега е тренер на францускиот второлигаш Дижон, го потпиша својот прв договор како предводник на национален тим.

Габон ќе биде домаќин на Купот на африканските нации следната година и со Ричардсон на клупата се очекува репрезентацијата на оваа земја да има големнапредок. Габонците завршија на претпоследното место на последниот Куп на африкански нации, каде доминираа Тунис, Египет и Алжир.

Целта е да стигнеме на подиумот. Јас сум секогаш победник, сакам да одам напред дури и подалеку од целта, тоа значи да го освоиме трофејот.“ – изјави некогашниот ракометар на Портланд Сан Антонио, Гросшвалтат, Шамбери и Рајн Некар.

Перо Арсоски/Д.А.