Легендарниот Штефан Кречмар стана селектор на Германија, ама не во ракомет! (ФОТО)

Поранешната ѕвезда на германскиот ракомет Штефан Кречмар реши да испорба нешто ново и стана селектор на репрезенетацијата на Германија во ватерполо до 45 години. Германските ватерполисти ги очекува настап на Светското првенство кое се одржува во Гвангжу (Јужна Кореа) од 5 до 18 август. Ова го потврди и Кречмар на својата фејсбук страница.

Откако претходниот селектор Дирк Тејсман мораше да се повлече од професионални причини, Кречмар ја прифати поканата од капитенот Дирк Клингенберг. Кречмар нема да патува со репрезентацијата во Јужна Кореа, но како што изјави секојдневно ќе им испраќа видеа на ватерполистите за да ги мотивира и фокусира на противниците.