Легендарниот Сарачевиќ ќе биде тренер на Подравка?!

Легендата на хрватскиот ракомет и актуелен тренер на ППД Загреб, Златан Сарачевиќ можно е да направи трансфер во женскиот ракомет и да стане тренер на Подравка.

300x250

Подравка остана без тренер откако ја отпушти Снежана Петика, па хрватските медиуми шпекулираат со неколку имиња кои треба да застанат на чело на хрватскиот женски ракометен шампион.

Потенцијални кандидати за ова место се поранешниот селектор на Македонската машка ракометна репрезентација, Ивица Обврван, Борис Дворшек, Владимир Чањуга, но според хрватски klikanj.hr  Сарачевиќ има најголеми шанси да ја превземе Подравка.

Сарачевиќ е актуелен тренер на ППД Загреб со кој има договор до крајот на сезоната.