Легендарниот полски голман утре ќе го одигра последниот натпревар (ВИДЕО)

Легендата на полскиот ракомет и еден од најдобрите светски голмани иминативе две денении, Славомир Шмал ќе стави крај на богатата ракометна кариера.

300x250

Утрешниот натревар од полската Супер-лига против Висла Плоцк ќе биде последен за Славомир Шмал, кој ќе заврши со активното играње ракомет. Веднаш по завршувањето на натпреварот ќе се одржи и свечена церемонија на која легендарниот полски голман ќе се збогува со соиграчите и навивачите.

Славомир Шмал ја започна својата кариера во 1995 година во полската екипа Завадски, а во родната земја го носеше и дресот на Хутник Краков, Варшавјанка и Висла Плоск. Во 2003 година го имаше својот прв интернационален предзвик играјќи во Бундес-лигата за екипата на Лубек, по што во 2005 година направи трансфер во Рајн Некар Ловен каде остана до 2011 година. По цели осум години во Германија, Шмал се одлучи за враќање во Полска-во екипата на Келце, чиј дрес го носеше последниве седум сезони, и со кој во 2016 година успеа да триумфира во Лигата на шампионите.

За националниот тим на Полска настапуваше од 1998 година, одигрувајќи 298 натпревари во кои успеа да постигне и три погодоци. Носител е на две бронзи и едно сребро на Светските првенства.

Од индивидуалните награди Шмал е беше избран за најдобар ракометар за 2009 година од страна на ИХФ.