Леворак бомбардер се врати во Македонија

Михаил Петровски, десниот бек од Битола, до скоро член на унгарскиот Дабас, се врати во македонската Суперлига по долги години настапи за странски клубови. Леворакиот бомбардер поради приватни причини ќе заигра повторно во Македонија.

300x250

Тој сезонава ја започна третата година во Унгарија, прва во Дабас, откако две помина претходно во Балатонфуреди. Беше еден од лидерите на Дабас, но си замина пред истек на договорот, иако Унгарците беа упорни да го задржат во своите редови. И минатото лето имаше опција да се врати во матичниот Пелистер, но тогаш се реши за нов унгарски предизвик.

Во продолжение на сезоната тој ќе го носи дресот на Е.Работник и ќе биде големо засилување за тимот на Илија Темелковски за Суперлигата и за Челинџ Купот.

Петровски потекнува од школата на Пелистер, своевремено беше еден од поголемите македонски таленти, но нема забележано настап за сениорската репрезентација. Тој освен за битолскиот тим, играше и за Вардар во Македонија, а надвор беше дел од романска Констанца, францускиот Валанс, данските Архус и Рингстед, a кратко време играше и во Саудиска Арабија.