Ласко Андоновски има рака на снајперист

Ракометарот на Пролет, Ласко Андоновски е ракометарот со најпрецизен шут од линијата од седум метри, но и со најголем број на голови. Тој беше одличен при изведувањето на овие удари така што сосема заслужено се наоѓа на највисокото место.

Андоновски е и најдобриот стрелец на Пролет и во оваа сезона и е меѓу најдобрите пет стрелци во Супер лигата со што дефинитивно покажа најмногу во овој дел од шампионатот.