Лап-топот на Жерард вреди богатство, тој ги крие тајните на сите противници (ФОТО)

Голманот на Монпелје, Винсент Жерард ја игра последната сезона во редовите на актуелниот освојувач на Лигата на шампионите и од следното лето се сели во ПСЖ.

Тој брани во неверојатна форма и редовно успева да собере голем број на одбрани така што покажува дека е меѓу најдобрите голмани во светот.

Жерард денеска со своите колеги ќе игра во финалето на Трофејот на шампионите во Франција каде за ривал го има составот на Ст. Рафаел. Како се подготвува за овие пресметки може да се види од една фотографија.

Тој сите тајни за противниците ги има на „тацна“ на лап-топ, па и доколку има нешто подзаборавено може да се потсети и на тој начин да успее да дојде до поголем број на одбрани.

Фотографијата беше направена пред пенал-рулетот од полуфиналето против Нант, а тој беше клучот во победата на Монпелје и пласманот во финалето.

Фото: Фејсбук