Ланскиот финалист реши сè, останува на шампионот да се придружи во четврт-финалето

Комплетирањето на 12. коло во Лигата на шампионите кај мажите донесе потврда за едниот тим кој директно ќе оди во четврт-финалето, а во исто време го доближи и вториот состав кој ќе се придружи.

Ланските финалисти најверојатно ќе го скокнат осминафиналето бидејќи такви се и позициите.

ПСЖ веќе дефинитивно е четврт-финалист со оглед на тоа што на две кола до крајот има седум бода предност во однос на Веспрем, Флензбург и Кил, па јасно е дека никој не може да се најде на врвот.

Во групата А, пак, затоа на Вардар му треба една победа на последните две средби или бод од гостувањето кај Нант следната недела. Со оглед на тоа што Вардар последниот меч го игра дома против Висла Плоцк сосема извесно е дека шампионот ќе му се придружи на ланскиот финалист, па тоа ќе биде еден чекор помалку на патот кон новиот фајнл-фор.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 12. КОЛО

ГРУПА А

БАРСЕЛОНА – ВИСЛА ПЛОЦК   28:27

ППД ЗАГРЕБ – НАНТ       23:22

ВАРДАР – ПИК СЕГЕД   34:30

РАЈН НЕКАР – КРИСТИЈАНШТАД             32:29

ТАБЕЛА: 1. Вардар 20 бода (333:283); 2. Нант 17 (345:326); 3. Барселона 16 (354:329); 4. Рајн Некар 14 (354:334); 5. ПИК Сегед 11 (364:355); 6. Висла Плоцк 6 (322:345); 7. ППД Загреб 6 (297:339); 8. Кристијанштад 6 (307:365).

ГРУПА Б

КЈЕЛЦЕ – ЦЕЛЈЕ               37:31

ПСЖ – ФЛЕНЗБУРГ          29:21

ВЕСПРЕМ – БРЕСТ МЕШКОВ      34:22

АЛБОРГ – КИЛ  20:27

ТАБЕЛА: 1. ПСЖ 22 (367:320), 2. Веспрем 15 (347:325); 3. Флензбург 15 (348:336), 4. Кил 15 (308:302); 5. Кјелце 11 (355:351); 6. Брест М. 8 (317:345), 7. Алборг 5 (312:342), 8. Целје 5 (344:377).