Лакрабер ќе остане без клуб: Флери Луар пред распад!

Иако се повеќе француски клубови како Нант, Брест, Мец, Ница вложуваат повеќе финансии, сепак има и таква кои мака мачат со нив. Клубот каде игра поранешната вардарка, Александра Лакрабер, Флери Луар, своевремено шампион на Франција е ставен на продажба.

Оваа информација за медиумите ја соопшто главниот инвеститор и претседател на клубот, Жан Пјер Гонтие, а најави негово повлекување од функцијата. Истото го најави и спонзорот – ланец супермаркети “Леклерк”.

“Тоа е невозможно! Градот Флери нас не спонзорира со 80.000 евра, додека кошаркарскиот клуб што игра во Б Дивизија добива 1.200.000 евра. Ништо не се промени. Овде не сакаат да гледаат женски спорт, јас потрошив на тоа 15 години. Ќе се борам до крајот на сезоната заедно со вас, за да најдеме купувач на клубот”, изјави резигнираниот Гонтие.

Клубот не може да ги исполни финансиските обврски кон ракометарките, а тоа значи дека и Лакрабер може да си оди од тимот, иако потпиша двегодишен договор.