Лазаров ќе има унгарско друштво: Фалувеги потпиша за Нант

23-годишниот унгарски репрезентативец Рудолф Фалувеги потпиша за францускиот Нант, чиј дрес ќе го носи во следните две сезони. По потписите на Хулиан Емоне и Кире Лазаров, амбициозниот Нант го донесе и ракометарот на Чурго.

„Јас сум среќен што ќе играм за Нант. Ова е неверојатна шанса за мене. Од моментот кога ја добив понудата, немав дилеми. Го следев развојот на клубот во послените сезони во француската лига и во Лигата на шампионите, тимот е комбинација на млади и искусни ракометари. Ќе имам шанса за напредок. Градот исто така ми се допаѓа. Едвај чекам да ја започнам новата авантура.“ – изјави Фалувеги.

Тој ја започна кариерата во Балатонфуреди, каде мина три сезони, а последните две играше за Чурго.

Фото: UtánpótlásSport