Лазаров ја реши Ла Риоха

Барселона ја продолжи победничката серија во АСОБАЛ Лигата откако славеше над тимот на Ла Риоха со 28:24 во дербито, кое на теренот баш и не беше дерби. Иако заморени, бидејќи пред два дена играа на гости кај Кадетен Шафхаузен во ЛШ, каталонците немаа проблеми против Ла Риоха.

Борко Ристовски не доби шанса да настапи, а Гонзало имаше 16 интервенции, кои се покажаа како клучни за победата. Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, кој од следнта сезона ќе игра за Нант, одигра одличен натпревар и постигна 6 голови. Покрај Лазаров, Мем и Ентрериос постигнаа по 4 голови. Барселона има 17 победи од исто толку натпревари и повеќе од три и пол сезони не знае за пораз во домашниот шампионат.