Лазаров стопроцентен во новата победа на Барселона

Капитенот на македонската репрезнтација, Кире Лазаров беше најдобар поединец во најновата победа на Барселона во Асобал Лигата над Морацо Кањас со убедливи 37:19. Каталонците ја забележаа 22-рата победа во 22-иот натпревар во шпанскиот шампионат, а покрај Лазаров добар настап имаше и голманот Ристовски.

Лазаров со 6 од 6 беше најдобар на теренот, додека по 4 дадоа Абело, Ривера и новакот Гарсија Робледо. Перез де Варгас и Борко Ристовски поделија по едно полувреме, а македонскиот голман имаше 10 интервеции.