Лазаров: Се радувам на гостувањата во Скопје, Барселона и Загреб

Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, со новиот клуб Нант, и оваа сезона ќе игра против Вардар. Покрај гостувањето во Скопје, Лазаров ќе игра и против два негови поранешни тимови, Барселона и Загреб. Тој вели дека е задоволен од ждрепката.

„Задоволен сум од ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите. Ќе гостувам во Скопје, Барселона и Загреб. Тоа се моите омилени градови и секаде имам голем број на пријатели и ќе имам дополнителна мотивација. Ќе играме во екстра квалитетна група, каде сите противници се тешки и нема фаворити. Секоја година е се потешко да се стигне до Ф4, а не пак да се освои титулата. Барселона и Вардар имаат поголемо искуство, но во спортот никогаш не се знае ништо.“ – изјави Лазаров.