Лазаров против Манасков – нерешено, Нант го освои „Шпаркасе Куп“

Ракометарите на Нант се победници на силниот „Шпаркасе Куп“ кој викендов се одржуваше во Германија, откако францускиот вицепрвак славеше над унгарскиот шампион Веспрем со 34:32. За македонската ракометна јавност овој меч беше интересен и поради фактот што на теренот беа и репрезентативците Кире Лазаров во дресот на Нант и Дејан Манасков во дресот на Веспрем.

Веспрем на стартот отвори со 3:0, а еден од головите беше дело на Манасков. Двете екипи се менуваа во водство во интересниот натпревар, а на пауза се замина со предност за Нант од 2 гола, 17:15. Сепак во вториот дел Веспрем пристисна, дури и поведе со плус 2, 21:23 во 44 минута, но францускиот тим се врати во игра.

Лазаров стрелаше за 33:30 во 57 минута и тука беше крајот на надежите за Веспрем дека може да се врати во игра. Капитено на македонската репрезентација го заврши дуелот со 3 голови, а исто толку пати во листата на стрелците се запиша и Манасков.