Лазаров: Пресреќен сум, најголем дел од моите соиграчи беа во солзи по пласманот во финалето! (ВИДЕО)

Кирил Лазаров! Потребно ли е нешто повеќе да се додаде на ова? Македонскиот ракометар кој успеа со својот четвртти клуб Нант на Ф4 турнирот успеа да обезбеди ново финале во Лигата на шампионите.

Блескавата партија со 8 постигнати погодоци во која беше скоро непогрешлив од линијата за седум метри му донесоа и уште еден легендарен рекорд зад своето име. По постигнувањето на својот шести погодок денеска Кире Лазаров стана најдобар стрелец во историјата на завршниците на елитното клупско натпреварување. Со 57 гола македонската ракометна икона ги престигна Момир Илиќ и Филип Јиха и стана кои имаа постигнато по 56 погодици, и со тоа влезе во аналите на ракометниот спорт.

По пласманот во големото финале и постигнувањето на овој голем рекорд Лазаров ексклузивно за 24Ракомет ТВ ја даде следнава изјава.