Лазаров не играше против Кристијанштад, но Нант дојде на само бод од Вардар

После вчерашната победа на гостувањето кај тимот на Кристијанштад тимот на Нант успеа да се доближи до Вардар во битката за првото место во групата А. Французите имаат само еден бод помалку од „црвено-црните“, па во последните три кола ќе биде навистина интересно и возбудливо во трката за директно место во четврт-финалето.

300x250

Нант победи со 31:26 на гостувањето во Шведска иако на овој меч не можеше да смета на Кире Лазаров кој е повреден. Немаше уште неколку ракометари, па Нант настапи со 13 играчи. Сепак, оние што беа на терен одлично се снајдоа. Балагер постигна дури 11 гола, додека Гурбиндо беше стрелец на шест гола.

Во моментов Вардар има 18, а Нант 17 поени. До крајот остануваат уште по три меча. Вардар следната недела го пречекува составот на ПИК Сегед, а потоа ќе има директен двобој со Нант. Во последното коло во Скопје ќе гостува составот на Висла Плоцк.

Нант следната сабота има тешко гостување во Загреб. Дуелот против Вардар е закажан за 25 февруари, додека во последното коло му гостува на составот на Рајн Некар. Ова е далеку потежок распоред за Нант така што Вардар дополнителна предност покрај бодот позитива во однос на Французите во битката за првото место во групата А.