Лазаров најдобар стрелец + Борко одличен на голот = убедлива Барселона

Барселона забележа нова убедлива победа на домашен терен против екипата на Синфин со 39:25 во 24 коло во Асобал и успеа да остане 100% доминантна,  односно со сите 24 победи во 24 натпревари.

Уште од првиот дел на натпреварот, Барселона сигурно чекореше кон нова победа и со 8 голови разлика 20:12 замина на одмор. Во вториот дел стартуваше исто како што го заврши првиот дел супериорно, а разликата само се зголемуваше па до крајот на натпреварот достигна и до 14 голови разлика.

Нашите интернационалци Кире Лазаров и Борко Ристовски беа предводници на Барселона до победата, Борко ги одигра сите 60 минути и забележа 12 интервенции, а Кире беше најдобар стрелец со 6 погодоци колку што имаше Валеро Ривера и Дика Мем.

Перо Арсоски/Д.А.