Лазаров: Клучни за победата беа нашите навивачи, се заблагодарувам од срце!

Македонија забележа голема победа над Словенија, а капитенот Лазаров како и секогаш беше на висина на задачата. Кире беше стрелец на седум погодици и беше втор стрелев зад Манасков. По завршувањето на натпреварот Лазаров со свое видување за големта победа над Словенија.

300x250

” Клучна на овој натпревар дефинитивно беше публиката. Се чуствував буквално како дома, исто како да играме во Скопје во “Борис Трајковски”. Се заблагодарувам од срце. Беа голем мотив за целокупната наша репрезентација. Натпреварот го одигравме под голем притисок, бидејки нацијата очекуваше победа. Победивме голема репрезентација. Имам чуство како да одигравме 2 натпревари. Одигравме машки и паметно. Вујо поставо одлична игра против нас, цврста одбрана против која на моменти беше тешко да се види голот.

Следува натпреварот против Црна Гора која никако не смееме да ја потцениме. Мислам дека не одиграа со сите сили против Германија бидејки се чуваа за нас.Одиме напред со голема желба и срце”.

Следниот натпревар црвено-жолтите ќе го имаат на 15.јануари со почеток од 20 часот и 30 минути против репрезентацијата на Црна-Гора.