Лазаров и Hummel ја продолжија соработката до 2023 година

Најдобриот македонски ракометар и еден од најдобрите ракометари во светот-Кирил Лазаров ја продолжи соработката со скандинавскиот спортски бренд Hummel до 2023 година.

300x250

Лазаров кој е заштитно лице на данскиот спортски бренд од 2008 година,  по завршувањето на својата играчка кариера ќе ја продолжи соработката со Hummel.

На крајот на мај ќе бидат лансирани специјално изработените патики за Лазаров, кои ќе се продаваат низ цела Европа. Ова е голем успех за најдобриот македонски ракометар кој се наоѓа на голем број ракометни супер ѕвезди, кои се заштитни лица на данскиот спортски бренд.

Кирил Лазаров на 26 и 27 мај со Нант ќе настапи на Ф4 турнирот во Келн, каде ќе се обиде да стигне до својата втора титула во најзначајнато европско клупско натпреварување.