Лазаров и Нант преку Ним до четвртфиналето на Купот на Франција

Тимот на Нант обезбеди место во четвртфиналето на Купот на Франција, откако славеше над составот на Ним во интересен натпревар со 23-21.

Домаќините се трудеа долго време да го скршат отпорот на упорниот гостин, но во финишот на првото полувреме поведоа со плус три, 13-10.

Во вториот дел работите полека си дојдоа на свое место, Нант имаше и 23-17, но Ним со четири голови во серија успеа да го направи поразот поднослив, 23-21.

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров беше стрелец на три голови, додека најефикасен беше Давид Балагер со пет погодоци во гостинската мрежа.