Лазаров и Нант му дадоа 42 голови на Ланесте во францускиот Куп

Ракометарите на Нант немаа никакви проблеми на натпреварот од 1/16 финалето во Купот на Франција. Кире Лазаров и неговите соиграчи победија на гостински терен кај Ланесте со убедливли 24:42 и се пласираа во осминафиналето.

Нант и Лазаров ги очекува уште натпреварот против Тулуз на 20 декември во рамките на францускиот шампионат, по што капитенот на репрезентацијата ќе може да се приклучи на националниот тим, иако сигурно е дека ќе добие уште некој ден плус за одмор.