Лазаров и Даскаловски ќе играат мајсторка

Во плеј-офот на романското првенство, екипата на Темишвар на домашен терен ја совлада Турда со резултат 30-29 и се реваншираше за поразот во првиот дуел. Репрезентативецот на Македонија, Филип Лазаров постигна 4 гола од 6 обиди и имаше значаен придонес во оваа важна победа за тимот на Темишвар. Во составот на домашните беше и голманот Златко Даскаловски, кој имаше 8 интервенции.

Плејофот на романското првенство се игра по принципот на 2 добиени натпревари. Во првиот натпревар , Турда го совлада Темишвар со резултат 31-22.  Со оваа победа Темишвар  израмнува на 1-1 и останува во игра за пласман во полуфиналето. Одлучувачкиот натпревар се игра в четврток, по кој победникот ќе обезбеди пласман меѓу четирите најдобри.

Благоја Филиповски/Д.А.