Лазаров за 24Ракомет ТВ: Се надевам дека ова не е мојот последен Ф4 (ВИДЕО)

Ракометарите на Веспрем го освоија третото место на завршниот турнир во Лигата на шампионите, во мечот кој се одигра како предигра за големото финале меѓу Вардар и ПСЖ. По поразот од Вардар, Барселона на Кире Лазаров и Борко Ристовски остана и без утехата, односно без третото место, откако загубија од Веспрем со 30:34. Капитенот на македонската репрезентација смета дека лошата одбрана на Барса го решила победникот. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…