Лазаров за 24Ракомет ТВ: На Палмарсон би му било подобро да се чува за Нант, а не да мисли на Македонија (ВИДЕО)

Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров има одиграно многу натпревари против Исланд. Вечерва во Скопје на програмата е вториот меѓусебен двобој меѓу овие две селекции во рамките на квалификациите за Европското првенство.

Најдобар играч на исландската репрезентација на првиот меч беше Арон Палмарсон

„На Палмарсон поразот сигурно не му паднало лесно поразот на домашен терен и ќе дојде мотивиран за одмазда. Сепак него би му било подобро да се чува за Нант во Лигата на шампионите и да не биде расположен против Македонија“, изјави Лазаров низ смеа за 24Ракомет ТВ.

Целосната изјава на Лазаров погледнете ја во видео прилогот…